Мадрид – Претседателот на шпанската влада, Педро Санчез, од Давос ја бранеше во средата “силната трансатлантска врска” помеѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави и изјави дека трговска војна “не им користи на ниту едната ни другата” бидејќи се работи за вид на игра со нулта сума.
Санчез ја подвлече високата интеконекција помеѓу економиите на ЕУ и САД и силната врска помеѓу двата брега на Атлантикот вкоренета во заеднички вредности, заеднички интереси и културна историја.
“Трговската војна не им користи на ниту едната страна, ни на Соединетите Американски Држави, ни на Европската унија. Трговската војна е вид на игра со нулта сума и мислам дека треба да се фокусираме на тоа како да ја зајакнеме нашата трансатлантска врска, која денес е поважна од секогаш”, бранеше шпанскиот претседател.
Покрај тоа, го истакна европскиот одговор на различни кризи во минатото, подвлекувајќи дека “европскиот пат” вреди во однос на економскиот развој, создавање на работни места, намалување на нееднаквоста и како се решава климатската промена.
Исто така, потсети дека Европската унија склучува различни трговски договори со различни регионални блокови или земји како Мексико, во минатото Канада, Чиле, и сега чека да заврши многу важен трговски договор со Меркосур.
Сепак, Санчез ја призна потребата Европа да го искористи политичкиот импулс на светската сцена за да ја намали фрагментираноста, проширувајќи, развивајќи и целосно имплементирајќи го единствениот пазар, покрај тоа, конципирајќи различен начин на заедничко финансирање на тие европски јавни добра, како науката, технологијата, одбраната, безбедноста и климатската промена.
“Мислам дека имаме големо искуство со овие фондови “Следна генерација” и Шпанија е добар пример за тоа како можеме позитивно да ги спроведеме ваквите реформи и инвестиции и мислам дека мораме да бидеме доследни на тој пат”, нагласи тој.
Во тој контекст, иако избегна да зборува за различни блокови во рамките на ЕУ, шпанскиот претседател сакаше да истакне дека од Југот исто така можат да се “дадат различни одговори, одговори на заеднички предизвици”. (22 јануари)