Програмата на Европската унија, SOCIEUX+, која претставува уште еден чекор во помагање на Албанија да ги исполни стандардите на ЕУ, беше претставена во Европскиот дом во Тирана.
SOCIEUX+ носи европска експертиза за подобрување на системите за социјална заштита, работа и вработување, преку размена на знаења, прилагодени за исполнување на потребите на Албанија.
Програмата ја покажува посветеноста на ЕУ да ја поддржи Албанија на нејзиниот пат кон посилно и сеопфатно општество.
Присутен на церемонијата за претставување на програмата, Шефот на соработка во делегацијата на ЕУ во Тирана, Хуберт Пер изјави дека SOCIEUX+ нуди краткорочна поддршка во областите на социјална заштита, работа и вработување, базирано на моделот на размена.
Според него, поддршката понудена од SOCIEUX+ може да и помогне на Албанија да има корист од искуствата и најдобрите практики на земјите членки на ЕУ преку усогласување на нејзиниот законодавство и стандарди во процесот на зачленување во ЕУ.
„Но ова не се однесува само на промената на законите; се однесува на трансформација на општеството за доброто на сите Албанци“, истакна Пер. (27 јануари)