Братислава – Словачката земјоделска и прехранбена комора (SPPK) се приклучува на европската граѓанска иницијатива Крај на лажната храна, која се спроведува низ членките на ЕУ. За тоа информираше портпаролката на SPPK Јана Холечиова, а иницијативата ја поддржа и шефот на SPPK Андреј Гајдош, информира ТАСР.
Целта на иницијативата “Крај на лажната храна: потекло на етикетата” (Stop Fake Food: Origin on Label), којa Европската комисија ја регистрираше на 24 јули 2024, е да собере еден милион потписи од граѓаните на ЕУ, кои ќе го поддржат ставот дека е потребно да се открие вистинското потекло на храната на нејзината етикета. Доколку тоа успее, Европската комисија ќе мора да се занимава со петицијата. Собирањето на потписи ќе трае до 21 септември оваа година. Секој граѓанин на ЕУ кој има најмалку 18 години може да се приклучи на иницијативата.
Холчеиова објасни дека словачкиот пазар е преплавен со странска храна, од кои не сите потекнуваат од ЕУ. Секој потрошувач сè почесто е изложен на ризик дека купува производи произведени со пониски производствени и хигиенски стандарди, отколку што важат во Унијата.
“Токму од оваа причина се приклучуваме на европската иницијатива Крај на лажната храна: потекло на етикетата која е создадена на поттик на италијанските земјоделци од Confederazione Nazionale Coldiretti,” прецизираше Холечиова.
Претседателот на SPPK Андреј Гајдош прецизираше дека SPPK сака со поддршка на европската иницијатива “најнапред да го заштити здравјето на Европејците”
“Не ни е сеедно тоа што се увезуваат и неквалитетни храни во ЕУ. Често можеби претеруваме, решавајќи што ќе носиме, какви нови придобивки ќе набавиме. Се интересираме доволно за тоа што го јадеме? Ретки се оние кои знаат каде потекнува месото кое го јадевме за ручек,” објасни намерата на иницијативата шефот на SPPK.
Холчеиова предупреди дека производите од трети земји се многукратно поевтини токму затоа што не подлежат на строгите правила и наредби кои функционираат во ЕУ. Тие се затоа и исклучително примамливи. Конкурентски така ги дискриминираат словачките земјоделци и прехранбени производители. Заедно значително ја оптоваруваат планетата со создавање јаглероден отпечаток при транспорт на далечни европски пазари.
Увозот на храна на територијата на Словачка според портпаролката многукратно ги надминува извозите. Најновите статистики покажуваат дека салдото на надворешната трговија на СР со земјоделски и прехранбени производи беше од јануари до октомври 2024 пасивно во обем од 2,23 милијарди евра, годишно зголемено дури за 20,7 %. (31 јануари)
“Не ни е сеедно тоа што се увезуваат и неквалитетни храни во ЕУ. Често можеби претеруваме, решавајќи што ќе носиме, какви нови придобивки ќе набавиме. Се интересираме доволно за тоа што го јадеме? Ретки се оние кои знаат каде потекнува месото кое го јадевме за ручек.” Андреј Гајдош