Тренчин – Словачка треба да има можност со поддршка на Европската унија (ЕУ) да гради станови не само за лица со пониски и средни приходи, туку и за лица кои заработуваат значително повеќе. Градовите така би можеле да го поддржат зачувувањето на квалитетната работна сила. По состанокот во четвртокот на претставниците на Унијата на градови на Словачка (УМС) со словачките парламентарки во Европскиот парламент (ЕП) го кажа претседателот на УМС Ричард Рибничек.
“Поддршката за домување од страна на Европската унија треба да биде и за луѓето кои доаѓаат во нашите градови да работат на проекти на пример во ИТ бизнисот, вештачката интелигенција или во фирми каде се заработува значително повеќе. Овие луѓе потребуваат старт апартмани. Ако Европската унија го поддржи таквиот тип на домување, тоа би било многу добро,” дополни Рибничек со тоа дека оваа тема е актуелна за идниот период во Европската унија.
Според потпретседателката на Комитетот за регионален развој на ЕП Љубица Карвашова (ПС) на европско ниво се подготвува ревизија на кохезионната политика за тековниот програмски период и една од темите ќе биде и наемното домување.
“Во рамките на ревизијата на европските фондови ќе настанат промени во приоритетите, очекуваме дека Европската комисија ќе вклучи во ревизијата на европските фондови и темата на домување и Комисијата ќе дојде со предлог за зголемување на финансиските ресурси токму во областа на домување. Тоа е целоевропска тема и градовите и општините најдобро знаат какви потреби имаат и во областа на домување,” нагласи Карвашова.
Како што додаде, токму градовите се тие што треба да одлучуваат какви типови на станови ќе обезбедуваат – дали старт ели станови за млада генерација или друг тип на станови.
“На европско ниво се трудиме да постигнеме, дека градовите и регионите да имаат директен пристап кон европските ресурси. Во секоја област, и во домување, се покажува дека ни се потребни локални решенија,” дополни Карвашова. (27. февруари)