Гир: Да се исполнат препораките од ОЛАФ, нема да се намалат средствата за Еразмус+

Гир: Да се исполнат препораките од ОЛАФ, нема да се намалат средствата за Еразмус+

За барањето на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) за поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ Гир рече дека очекува државава да продолжи да ги испорачува препораките дадени од ОЛАФ.

Сесија „Темелни права, правда и слободи преку призмата на механизмот за владеење на правото на ЕУ“

Сесија „Темелни права, правда и слободи преку призмата на механизмот за владеење на правото на ЕУ“

Според мене, клучна е визијата, одлучноста на политичката елита во Македонија, еден консензус на главните чинители тоа вистински да се сака, како би се спровеле тешки реформи. Тука доаѓа до тоа да се биде способен да донесеш тешки одлуки, односно, да не се избегнува донесувањето на одлуки. Одложувањето на одлуките само го одложува процесот и всушност гледаме дека процесот станува сѐ покомплексен, рече Туркаљ.

Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Северна Македонија, членството на земјата ќе биде од корист за сите

Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Северна Македонија, членството на земјата ќе биде од корист за сите

Сакаме оваа земја да биде дел од Европската Унија врз основа на исполнувањето на обврските коишто ги презеде во јули 2022 година, по кои следуваше меѓувладината конференција и скрининг процесот, како и имплементацијата на реформите коишто беа утврдени во текот на процесот на скрининг вклучително и тие коишто се наброени во новиот план за раст и реформи на Европската Унија, рече евроамбасадорот Гир.

Влада: Надлежните институции да ја финализираат реформската агенда за Планот за раст

Влада: Надлежните институции да ја финализираат реформската агенда за Планот за раст

Реформската агенда претставува сеопфатен пакет на мерки за постигнување на предвидените цели, за што е предвидена е исплата на финансиска поддршка од ЕУ два пати во годината, која е условена со реализација на квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за периодот од 2024-2027 година.

Четири години членство во НАТО: Северна Македонија фактор на стабилност на Западниот Балкан

Четири години членство во НАТО: Северна Македонија фактор на стабилност на Западниот Балкан

Верувам дека сите граѓани се горди на глетката како знамето на Северна Македонија се развиорува пред седиштето на НАТО во Брисел. Тоа е слика на историјата и иднината во едно место. Горд сум што успеавме да испишеме таква историја. Денес Северна Македонија е вреднувана членка на Алијансата, не само што живееме во стабилност и извесност, туку ние сме фактор на стабилност на Западниот Балкан, истакна Џафери.

Тошковски: Остануваме посветени на заедничката соработка во борба против криумчарењето мигранти

Тошковски: Остануваме посветени на заедничката соработка во борба против криумчарењето мигранти

Нашата држава на систематски начин се вклучува во процесот на изнаоѓање одговор во рамки на европскиот глобален пристап за справување со регуларни и ирегуларни миграции при што остануваме посветени на заедничката соработка во борба против криумчарењето мигранти, истакна техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во своето обраќање на министерската конференција на Брдо процесот што се одржува во Крањ.