Братислава – Членството на Словачка во Европската унија (ЕУ) и еврозоната и донесе на земјата економска стабилност, повисок животен стандард, безбедност и слобода на движење. Од влезот во ЕУ во 2004 година, Словачка од еврофондовите има добиено повеќе од 24 милијарди евра за поддршка на развојот на различни области. Словачката банкарска асоцијација (СБА) затоа ги смета дискусиите за можниот излез на Словачка од ЕУ за исклучително опасни, во реалноста таков чекор би имал уништувачки влијанија врз економијата, информира ТАСР.
По излегувањето од унијата, според СБА, би следел економски хаос, нестабилност, драматичен пад на валутата, рапиден раст на цените и паѓање на животниот стандард. “Да не споменуваме за нефиранциски штети, кои би можел евентуалниот излез на Словачка од европското здание да ги предизвика. Оддалечување од европските вредности, забавување на конвергенцијата, ограничување на можностите за студирање на младите или работа во странство и слично. На крајот на краиштата, примерот на Велика Британија многу јасно ни покажува какви последици и нарушување на стабилноста би можел таков чекор да значи,” оценил во вторник во изјава СБА нејзиниот претседател Даниел Кольшар.
Асоцијацијата напомена проценките на Националната банка на Словачка (НБС) од 2023 година за тоа дека годишните придобивки од членството на СР во ЕУ во облик на директни плаќања, индиректни економски придобивки и пониски трошоци за услуга на долг се приближно на нивото од 4 % од бруто домашниот производ (БДП). Во номинално изразување тоа претставува сума од 830 евра по жител годишно. Според студијата на НБС, економијата на Словачка традиционално е многу отворена и може затоа значително да искористува од единствениот пазар на ЕУ. Централната банка проценува поврзаните долгорочни придобивки на нивото од 15 % БДП.
“Повторното воведување на царините и нетарифните бариери би ја погодило Словачка значително повеќе отколку други земји на ЕУ. Словачка би морала да создава нови договори не само со ЕУ, туку и со земји надвор од унијата. Тоа со голема веројатност би довело до многу неповолни договори, царини и бариери, кои би дополнително ја оштетиле економијата на СР,” нагласила СБА.
Самото излегување од ЕУ би морало да биде претходено и со напуштање на еврозоната и откажување на заедничката европска валута, предупреди асоцијацијата. Враќањето кон националната валута според неа би довело до драматичен пад на нејзината вредност и нагласок на висока инфлација, што би негативно влијаело и на куповната способност и на животниот стандард на Словаците. “Реакцијата на централната банка на порастот на инфлацијата би било зголемување на основните каматни стапки. Тоа би се одразило и на поголемо процентирање на кредитите и би негативно влијаело на инвестициите во корпоративниот сектор,” оценила СБА.
“Со оглед на наведените негативни влијанија, кои би можеле да имаат за нашата земја ликвидациски последици, СБА ги повикува создавачите и учесниците во јавните дискусии за потенцијален излез на СР од ЕУ или еврозоната, во вакви дебати без соодветни факти и предупредувања за можните последици да не продолжуваат. Граѓаните на Словачка, кои во исто време се клиенти на банките, мораат да бидат детално информирани за сериозните економски и стопански ризици поврзани со овој можен сценарио,” додал Кольшар. (4 февруари)