by MIA | 23.Дек 2024 | Europe in brief
Јас не добивам од страна на моите соговорници контрааргументи, бидејќи контрааргумент не е знаеш треба 27 да одлучат. Зборувам за план, којшто не е план само за првиот чекор. Јас сум подготвен да разговарам за план, којшто нас ќе не однесе до крајот, бидејќи ние како држава не сме како сите кандидати, морате тоа да го признаете. Затоа што ние повеќе од две и пол децении сме дел од овој процес. Скоро две децении сме кандидати и никој досега немал билатерални договори во својата преговарачка рамка, изјави Мицкоски.
by MIA | 20.Дек 2024 | Europe in brief
Мицкоски рече дека „влијателен премиер на држава“, кажал дека и во 2004 година кога имало голем бран на проширување на ЕУ, може да се каже дека ниту една од тие земји коишто станаа членки, не ги исполнуваа критериумите согласно поглавјата, согласно кластерите. Но, премиерот, како што рече Мицкоски, предочил дека постоела храбра политичка одлука пакетот да се затвори, односно сите тие земји да станат членки на ЕУ.
by MIA | 20.Ное 2024 | Europe in brief
Повторно ќе кажам, ние работиме на дневна основа со нашите сојузници. Ако не сме таму присутни тоа не значи дека не работиме. Телефонски разговараме со сите. Апсолутно со сите. Тука да немате дилема. Денеска моментално е таму министерот за надворешни работи, Муцунски и како прва земја од регионот потпишуваме Договор со високиот претставник, господинот Борел за безбедносна и воена соработка со ЕУ.
by MIA | 11.Ное 2024 | Europe in brief
Убеден сум дека во периодот што следи, низ заеднички рагзовори, конечно, по 2,5 децении патот на Македонија до полноправно членство во ЕУ ќе биде широко отворен и ќе се вреднува врз основа на постигнувањата и компетенциите, а не поради билатералните прашања. Убеден сум дека ќе успееме, рече премиерот Христијан Мицкоски,
by MIA | 08.Ное 2024 | Europe in brief
Со секоја средба, се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е, онаа вистина што ја чувстуваат нашите граѓани и којашто е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците и годините коишто следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме а тоа е успешна, европска приказна, а нашето место е во рамките на ЕУ. После овој состанок на Европската политичка заедница, овде во Будимпешта, сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде, и ќе не биде. Тоа што е важно, е дека ние ќе дадеме се од себе да ги одбраниме националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина, изјави Мицкоски.