
Муцунски: Ќе останеме сто проценти усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ
Не сакам ни да помислам да го користам зборот „оружје“ во време кога се војува во светот и умираат луѓе. Треба да сме обединети кон заедничките цели, и со Атина и со Софија, како и со сите други земји и од потесниот и од поширокиот регион. Верувам дека има многу повеќе прашања што можат да не обединат отколку прашања што треба да не делат, нагласи Муцунски, додавајќи дека отворените политички прашања треба да се решаваат со меѓусебно почитување и дијалог.