Портпаролката на Европската комисија Anitta Hipper, прашана во среда за обвинувањата од поранешниот претседател на Украина Petro Poroszenko, во врска со наводното злоупотребување на воената состојба од страна на властите во Киев, изјави дека одлуката за одржување на оваа состојба припаѓа на украинската влада, а нејзината основа е уставниот систем на Украина.
“Јасно го определивме нашето становиште во однос на воената состојба – исто така во однос на посебните и трагични околности со кои се соочуваме. Тоа исто така (произлегува) од уставниот систем (на Украина) и Украина одлучува за тоа” – нагласи портпаролката.
Парламентот на Украина гласаше во среда за продолжување на воената состојба до 6 август поради продолжувањето на целосната агресија на Русија против оваа земја. Одлучувачкото мнозинство на пратениците во Врховната рада (парламентот) – дури 357 – го поддржа продолжувањето на воената состојба, што им овозможува на властите на земјата да продолжат со мобилизацијата на војниците и го суспендира изборниот циклус.
Петро Порошенко, поранешен украински претседател и лидер на најголемата опозициска партија, сепак изрази став дека властите на Украина почнаа да злоупотребуваат воената состојба. “Воената состојба се користи не само за одбрана на земјата, туку и за изградба на авторитарен режим. Узурпацијата на власт не може да биде цел денес. Неограничената власт на канцеларијата (на претседателот) над вас, над пратениците – тоа е понижувачки за цела Украина” – оцени Порошенко. (18.04.20205)