by MIA | 29.Мај 2023 | Europe in brief
Од денеска, според најавата на премиерот Димитар Ковачевски, Владата ќе ја разгледува Предлог – иницијативата за уставни измени изработена од страна на работната група. Работната група на седница во петокот ја усвои Предлог – иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за негово изменување и дополнување.
by MIA | 22.Мај 2023 | Europe in brief
Го добивме договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ и сме во фаза на негова анализа. Поброен тим ќе работиме на овој предмет, а веќе им се поделени задачите на советниците, изјави денеска претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.
by MIA | 18.Мај 2023 | Europe in brief
Наш приоритет во овој момент се уставните измени што произлегуваат од Преговарачката рамка со ЕУ, а за сите останати прашања постои јасна политичка волја да водиме легитимна демократска политичка дебата и веднаш потоа да ги завршиме и тие обврски. Во таа смисла ги повикувам сите проевропски политички партии и пратеници во Собранието да го направат својот избор. А тој избор е едноставен – или интересите на партијата или европската иднина на македонската држава.
by MIA | 15.Мај 2023 | Europe in brief
Владината коалиција е стабилна и има 65 пратеници. Нормално е дека во рамки на коалицијата има политички партии со одредени ставови кои идеолошки или операционално се разликуваат од другите политички партии, но на главните политички правци на владината коалиција сите имаат исто гледање и работат на остварување на истата цел, оцени лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски пред почетокот на првата од серијалот тематски трибини на СДСМ „Разултати што прават разлика“ на тема „Енергетска безбедност и зелена транзиција“.
by MIA | 04.Мај 2023 | Europe in brief
Со панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и со положување цвеќе пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ од страна на бројни делегации и граѓани, денеска се одбележаа 120 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев.