Дендиас: Иднината на Западен Балкан ќе ја одреди и стабилноста во нашиот регион

Дендиас: Иднината на Западен Балкан ќе ја одреди и стабилноста во нашиот регион

На Западен Балкан имаме многу повеќе работа да сработиме, секако секогаш во рамките на европското законодавство, односно и во заштитата на владеењето на правото, посочи Дендиас.

Османи: Резолуцијата на Сенатот на САД поддршка за нашето членство во ЕУ, но и порака до политичките фактори кои заговараат алтернатива на ЕУ

Османи: Резолуцијата на Сенатот на САД поддршка за нашето членство во ЕУ, но и порака до политичките фактори кои заговараат алтернатива на ЕУ

Резолуцијата на Сенатот на САД со која се реафирмира поддршката за отворање на првиот преговарачки кластер на Европската Унија со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови, ќе значи охрабрување на нашата држава да продолжиме на тој пат, но и охрабрување до ЕУ дека треба да се забрза евроинтеграцијата на државата во Унијата. Таа е и порака до политичките фактори овде кои заговараат дека се можни алтернативи на членството во ЕУ, оцени денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Димов за МИА: На Европа и се потребни 34 критични минерални суровини за премин од фосилни горива кон зелена енергија

Димов за МИА: На Европа и се потребни 34 критични минерални суровини за премин од фосилни горива кон зелена енергија

Европа е зависна од метали, зависна од минерали од остатокот од светот, а во последните неколку  години гледаме повеќе кризи. Прво беше Ковид пандемијата, којашто го намали транспортот, со што неколкукратно поскапеа цените, пред се мислам на бившите советски републики и Кина, како главни   извозници на овие минерали што ги користиме во индустриските процеси во Европа. Сега ја гледаме кризата во Црвеното море со Хутите и со намалениот транспорт и стравот на превозниците од евентуални напади. Сето тоа не става во позиција на ранливост. Значи европскиот пазар е ранлив, посочува Димов.

Сајмон Мордју: Северна Македонија не смее да ја испушти шансата за членство во ЕУ 

Сајмон Мордју: Северна Македонија не смее да ја испушти шансата за членство во ЕУ 

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Грковска, е потенцирано дека „нема промена на преговарачката рамка и во таа насока клучни се уставните измени, со кои ќе се надминат пречките за нашата земја во пристапниот процес“.