by MIA | 17.Дек 2024 | Europe in brief
Секако, неопходно е да се почитува она што Северна Македонија го оствари и мислам дека е многу важно да се постигне зајакнување на довербата меѓу Северна Македонија и нејзините соседи, особено Бугарија. Мора да работиме за да обезбедиме дека Северна Македонија целосно да ги исполни своите обврски, кои се предуслов Северна Македонија формално да ги отвори преговорите. Имам голема почит кон напорите што Северна Македонија ги направи во минатото за надминување на пречките, особено со Грција. Тоа е земја кој дури го промени своето име за да ги надмине овие пречки, нагласи Кошта во одговор на прашање на МИА.
by MIA | 16.Дек 2024 | Europe in brief
Само со интегрирање на овој регион во нашето семејство на ЕУ можеме да обезбедиме стабилност и просперитет на нашиот континент, се вели во писмото.
by MIA | 14.Дек 2024 | Key Stories
Цигарите, електронските цигари и други производи од тутун се штетни за здравјето на луѓето ширум светот. Пушењето е една од водечките причини за рак и прерана смрт во Европската Унија и зема околу 700.000 животи годишно. ЕУ сака да се спротивстави на нормализацијата на употребата на тутун и да создаде генерација на непушачи до 2040, но во блокот постојат разлики во однос на законите за тутун.
by MIA | 13.Дек 2024 | Europe in brief
Процесот на проширување е врвен приоритет на Европската Унија. Правиме напори да заврши процесот на реформи во Северна Македонија и што побргу да се постигне целта, земјата да стане членка на ЕУ, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас.
by MIA | 13.Дек 2024 | Europe in brief
Последниот политичар којшто беше чесен во однос на процесот и овие другиве коишто се нечесни беше исправен е Жан Клод Јункер којшто беше претседател на ЕК. Тој беше доволно чесен да ни каже на сите дека проширување нема да има, вели Николоски.