by MIA | 12.Дек 2024 | Europe in brief
Со оглед на природната миграција во балканските земји, особено кон оние кои се во ЕУ, имаме интерес и за склучување на билатерален договор со Словенија за посредување за вработување, што би се одвивало помеѓу двете национални агенции за вработување. Целта ни е да се овозможи поедноставена процедура на вработување помеѓу двете земји, со истовремена заштита на работниците и нивните права при вршењето на привремената работа, нагласи Дурмиши.
by MIA | 11.Дек 2024 | Europe in brief
Геополитиката создаде нови можности за проширување на ЕУ, но овие прозорци не остануваат отворени засекогаш, мојот совет за вас е да не ги повторувате грешките од минатотото, мој совет е да го искористите моментот и да го ставите заедничкиот интерес пред партиските интереси, рече Лајчак.
by MIA | 10.Дек 2024 | Europe in brief
Остануваме посветени да работиме, да ги решаваме домашните задачи, реформи, економија – тоа е она на кое оваа Влада останува да биде посветена. Во меѓународната политиката има непишано правило дека големите прават тоа што можат, а малите тоа што мораат. Ќе ги следиме и од блиску, внимателно, и ќе се обидеме да антиципираме следни чекори од развојот на настаните на глобално ниво. Имаме свои конекции и во Вашингтон, и во Брисел, и насекаде онаму каде што е потребно. Добиваме информации, анализираме и повлекуваме потези и сите тие се исклучиво водени од една цел – интересот на македонските граѓани, рече Мицкоски.
by MIA | 07.Дек 2024 | Key Stories
Новата Европска комисија ја започна првата недела од петгодишниот мандат кој трае до 2029. Од геополитички тензии до внатрешни предизвици како што се економската слабост, падот на конкурентноста и борбата против нелегалната имиграција – новото лидерство на ЕУ има тежок пат пред себе.
by MIA | 06.Дек 2024 | Europe in brief
Ставот за одложената примена е презентиран на многу средби и ја покажува подготвеноста на Владата за компромис, но, компромис кој носи извесност.