Северна Македонија пристапи кон Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ на ЕУ

Северна Македонија пристапи кон Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ на ЕУ

Лимани нагласи дека со учеството во Програмата ЦЕРВ се обезбедува финансиска поддршка за граѓанските организации, помош за институциите во зајакнување на капацитетите за заштита на основните права, платформи за правна помош и мониторинг и активности во борбата против родовата нееднаквост и насилство. 

Извештајот на Вајц со „македонски јазик и идентитет“ усвоен во Комитетот за надворешни работи на ЕП

Извештајот на Вајц со „македонски јазик и идентитет“ усвоен во Комитетот за надворешни работи на ЕП

ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во предизвикувачкиот геополитички пејзаж со кој се соочуваме. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. По 20 години преговори, мора да го одржиме моменталниот добар моментум за понатамошно унапредување на процесот на проширување, додаде Вајц

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот што некои политичари во Брисел сакаа да го нанесат врз македонскиот идентитет

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот што некои политичари во Брисел сакаа да го нанесат врз македонскиот идентитет

Јас успеав да контактирам со сите од Брисел и мислам дека успеавме некако да го амортизираме оној удар, кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик, доформулирајќи го, дообјаснувајќи го со модерен или сегашен, само да се обидат да креираат некоја нова нација, а со тоа да го нарушат и кредибилитетот на самата ЕУ, рече Мицкоски.

Пленковиќ со поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија

Пленковиќ со поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија

Со премиерот Христијан Мицкоски разговарав за понатамошната динамика на европскиот пат на Северна Македонија, за претстојниот Извештај на Европскиот парламент за напредокот и состојбата во Југоисточна Европа. Хрватска ќе продолжи силно да ја поддржува Северна Македонија, која заслужува членство во ЕУ, наведе Пленковиќ.

Мицкоски: Се засилуваат притисоците од бугарска страна против усвојување на извештајот на Вајц

Мицкоски: Се засилуваат притисоците од бугарска страна против усвојување на извештајот на Вајц

Деновиве добивам информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада дека ако тој извештај биде изгласан тоа можело да ги радикализира проруските струи против сегашната проевропска Влада на Бугарија. Тоа доволно ви дава одговор во каква состојба е една членка на ЕУ и кој во суштина го попречува евроинтегративниот процес, нагласи Мицкоски.