Кос: Европа не може да биде обединета без Западниот Балкан, има јасен консензус за итно проширување

Кос: Европа не може да биде обединета без Западниот Балкан, има јасен консензус за итно проширување

Знам дека клучните реформи, коишто ги бараме од вас не се едноставни. Тие задираат во закоравени структури на интереси, на моќ и на многу начини бараат длабока општествена темелна трансформација и потребно е лидерите да ја водите оваа промена. Ве уверувам дека вреди. Добивките се вредни – стабилност, безбедност и просперитет за сите ваши граѓани, порача Кос.