by MIA | 30.Мар 2023 | Europe in brief, Working material
Жени и девојки, бидете гласни и храбри затоа што тоа е чекорот кон вистинската слобода, кон слободата на говорот, на изборот, слободата на живеењето. Институциите се тука да ве слушнат и поддржат, порача министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на дводневната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ, гласно и храбро ги поместуваме границите“ што се одржува во Скопје.
by MIA | 27.Мар 2023 | Europe in brief, Working material
Нашата национална одлука за членство во Алијансата ги проби бариерите на партиите, религиите и народите и не обедини сите. Незначајна маргина се оние малкумина кои не се горди на овој наш успех и би сакале други алтернативи. Убеден сум дека такво обединување имаме и околу нашите одлуки за ЕУ, порача премиерот Димитар Ковачевски на централната свеченост во касарната „Илинден“ по повод тригодишнинатата од членството во НАТО.
by MIA | 21.Мар 2023 | Europe in brief, Working material
Треба да ги отстраниме бариерите на патот кон ЕУ, бидејќи Северна Македонија треба да го заземе заслуженото место во Европската Унија, порача денеска од Скопје Натанаел Лимински, министер за федерални, европски и меѓународни прашања и медиуми и шеф на државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија.
by MIA | 16.Мар 2023 | Europe in brief, Working material
Северна Македонија е добар пример за мултиетничко општество и со промена на Уставот дополнително ќе се унапредат основните права во земјата и не се сомневам дека со тоа ќе го зачувате македонскиот идентитет и истовремено ќе напредувате во процесот на пристапување во ЕУ, како што правевте досега, вели високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел во интервју за МИА.
by MIA | 09.Мар 2023 | Europe in brief, Working material
Конзорциумот „Бехтел и Енка“ денеска потпиша договор со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за изградба на четири автопатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10 д во наредните пет години. Изградбата ќе чини 1,3 милијарди евра.