by MIA | 15.Мај 2024 | Europe in brief
Сиљановска Давкова истакнала дека и покрај високото ниво на подготвеност на македонската администрација и насобраното искуство, напредокот во исполнувањето на критериумите трпи поради политички околности и потези за кои се одговорни и одредени земји членки на ЕУ. Во тој контекст, таа посочила на потребата од враќање на вербата во мериторен процес на интеграција, со фокус на исполнување на копенхашките критериуми.
by MIA | 14.Мај 2024 | Europe in brief
На прашањето дали би го поддржале приклучувањето кон ЕУ доколку денес се одржи референдум, во пет од шесте земји силно мнозинство би гласало за приклучување кон Унијата и тоа од 68 отсто во Северна Македонија и во Босна и Херцеговина до 92 отсто во Албанија. Во Србија, повеќето од 40 отсто го поддржуваат приклучувањето кон ЕУ.
by MIA | 13.Мај 2024 | Europe in brief
Изјавувам дека функцијата претседател на Македонија ќе ја извршувам совесно и одговорно, ќе го почитувам Уставот и законите и ќе го штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Македонија свечено се заколна Сиљановска-Давкова во Собранието.
by MIA | 10.Мај 2024 | Europe in brief
Северна Македонија постигна напредок во областа на јавните финансии со формирање на независен фискален совет и со зајакнување на управувањето со јавните инвестиции. За да ги подобри јавните приходи, Северна Македонија усвои мерки за даночна политика кои ја прошируваат даночната основа. Владата, исто така, постигна дополнителен напредок кон формализирање на неформалната економија и презеде мерки за подобрување на енергетската ефикасност. На крајот, Владата го зајакна судството со нова Стратегија за реформи во правосудството, потенцира Европската комисија.
by MIA | 09.Мај 2024 | Europe in brief
Овој проект има за цел да поттикне култура на компромис меѓу политичките партии и да се овозможат решенија, а со тоа и да се придонесе кон локализација на прашањето, изјави Јорден во врска со информациите објавени во некои македонски медиуми дека поранешниот европратеник Петер Ванхојте на иницијатива на белгиското претседателство со ЕУ „добил мандат да биде медијатор олеснувач на бугарско-македонскиот спор“.