by MIA | 08.Мај 2024 | Key Stories
Две декади членство во ЕУ се причина за славење. На 1 мај, 2004, десет источно-европски земји станаа дел од блокот – најголемото проширување на ЕУ досега. Сепак, покрај прославите, вниманието се врти кон региони како Западниот Балкан, кои се сѐ уште на листата за чекање за членство во ЕУ.
by MIA | 08.Мај 2024 | Europe in brief
На средбата беше истакнато дека, за Северна Македонија, е од големо значење да не бидат залудни постигнатите резултати од претходните години и во оваа насока, поддршката на проевропските сили во земјава е од голема важност.
by MIA | 06.Мај 2024 | Europe in brief
Пахор неодамна објави дека работи на нацртот за продолжување на дијалогот и координацијата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, земјите-членки на ЕУ и земјите од Квинта, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија.
by MIA | 02.Мај 2024 | Europe in brief
Дел од ова се објаснува и со фактот дека Украина и други земји се поканети во ќленство, додека во повеќето случаи земјите од Западен Балкан чекаат повеќе од две децении во редот за влез во Европската Унија. Поддршката за пристапувањето во ЕУ почнува да се намалува во оние земји каде што беше многу, многу силна, рече Мекарти.