Дмитрасевич: Украина никогаш нема да ја заборави македонската поддршка, го продолжуваме патот кон ЕУ

Дмитрасевич: Украина никогаш нема да ја заборави македонската поддршка, го продолжуваме патот кон ЕУ

Се заблагодаруваме за македонската политичка и воена поддршка, како и за тоа што се придруживте кон санкциите врз агресоторт. Таа поддршка нема никогаш да ја заборавиме. Иако постојано се случуваат воени судири, иако Русија ги бомбардира и градовите и воените позиции на украинската армија и со ракети и со дронови, за нас е многу важно да се стремиме кон ЕУ и да се движиме кон таа цел, истакна Дмитрасевич.

Маричиќ – Франгеш: Северна Македонија да ја искористи поволната Преговарачка рамка, македонскиот идентитет да стане дел од ЕУ

Маричиќ – Франгеш: Северна Македонија да ја искористи поволната Преговарачка рамка, македонскиот идентитет да стане дел од ЕУ

Маричиќ и Франгеш разговараа и за заедничката соработка и поддршката што Словенија е подготвена да ја испорача во процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Штрик за МИА: Политичарите да бидат искрени со гласачите и да не креираат илузија што нема да се случи

Штрик за МИА: Политичарите да бидат искрени со гласачите и да не креираат илузија што нема да се случи

Има политичари кои велат дека не ги прифаќаат уставните измени и дека ќе преговараат повторно или дека ќе го сменат редоследот на барањата. Тие креираат илузија бидејќи тоа нема да се случи. Тоа е опасна илузија бидејќи ќе значи дека многу повеќе време ќе се изгуби и на крај само ќе креираат многу помалку поддршка за Македонците за ЕУ, но исто така ќе ризикуваме да го изгубиме актуелниот моментум на пристапување, рече Штрик

Вархеји: Не очекувам промена на Преговарчката рамка за Северна Македонија, критериумите за членство се јасни

Вархеји: Не очекувам промена на Преговарчката рамка за Северна Македонија, критериумите за членство се јасни

Критериумите се многу јасни од 2022 година наваму, кога беше усвоена Преговарачката рамка. Тие треба да бидат исполнети и во таа смисла не очекувам никаква промена. Не сметам дека државите членки ќе ги преразгледаат условите. Јасно е дека тие треба да бидат исполнети, рече Вархеји.

Маричиќ: Планот за раст ни дава дополнителна сила и мотивација да не се откажуваме од европската иднина

Маричиќ: Планот за раст ни дава дополнителна сила и мотивација да не се откажуваме од европската иднина

Европската унијата се заложува да ја спроведе една од најголемите инвестициски стратегии за интеграција на регионот на Западен Балкан, преку заедничка соработка со вкупно две милијарди евра во грантови и летири милијарди евра во заеми, за помош во реформите поврзани со ЕУ и економското приближување до европскиот стандард, изjави Маричиќ.